Израел бомбардираше позиции на Хамас во Газа

пред 4 години

Израелската војска изведе воздушни напади врз 10 позиции на Хамас во Појасот Газа, кој е под израелска блокада, пренесува „Анадолија“.

Според соопштението на израелската војска објавено на профилот на Твитер, 10 позиции на Хамас во Газа, меѓу кои и фабрика каде што се произведувале експлозиви и воени материјали, се нападнати со воени авиони.

Во соопштението се истакнува дека нападите се извршени како одговор на ракетниот напад од Газа кон Израел. Израелската армија соопшти дека утрово кога биле гаѓани позициите на Хамас, од Газа кон Израел биле истрелани 13 ракети, а 8 од нив биле неутрализирани.

Очевидци изјавија дека израелските воени авиони ги погодиле позициите на бригадите „Изедин ал-Касам“, военото крило на палестинската група Исламски џихад, на северот и југот на Газа.

Не се дадени информации за евентуални жртви или повредени во нападите.

Извор: makfax.com.mk

Scroll to Top