(ВИДЕО) Драма во Грузија: Вооружен маж со автоматска пушка и бомба насилно влезе во банка

пред 4 години

Разбојник упадна насилно во банка во грузискиот град Зугдиди и со себе зел неколку заложници, пренесува „Ројтерс“.

Според очевидците тој е вооружен со бомба и автоматска пушка.

Сведоците пријавиле пукање, но засега не е јасно дали има повредени.

Според локалните медиуми,  специјалните единици на полицијата се распоредени пред локалната банка.

Еден од вработените кој успеа да излезе од зградата рече дека напаѓачот пукал неколкупати и побарал од вработените да се спуштат на земја.

Засега не е позната причината за вооружениот напад.

Scroll to Top