(Видео) Ерменците од Нагорно-Карабах ги палат и ги напуштаат своите домови

пред 3 години

Ерменците кои живеат во градот Карвачар во Нагорно-Карабах започнаа да ги палат своите куќи по објавувањето дека некои територии во таа област се предаваат на Азербејџан, пренесува ерменски „Спутник“.

Жителите на Карвачар изнесуваат покуќнина, мебел и животни од своите куќи пред да го напуштат градот. На северниот пат на Нагорно Карабах има многу автомобили, како и минибуси и камиони.

Водителката Олга Скабејева објави видео на нејзиниот канал на „Телеграм“ на кое се гледа куќа што гори. Таа напиша дека луѓето го палат својот имот за да не го предадат на Азербејџан.

Лидерите на Русија, Азербејџан и Ерменија, Владимир Путин, Илхам Алиев и Никола Пашинјан, на 10 ноември потпишаа заедничка изјава за целосен прекин на воените дејства во Нагорно Карабах, потсетува порталот.

Според изјавата, еден дел од регионот е ставен под контрола на Азербејџан, двете страни ќе разменуваат заробеници, а руските мировници ќе бидат распоредени долж контактната линија и долж коридорот Лачин што го поврзува Нагорно-Карабах со Ерменија.

Исто така се планира да се отвори коридор помеѓу Азербејџан и Автономната Република Нахичеван во Ерменија.

Scroll to Top