ВИДЕО: Израел ги засили нападите на Газа, Хамас жестото одговори

пред 3 години

Израелската војска ги интензивираше нападите на Газа, а палестниските сили и натаму гаѓаат со ракети кон Израел. Конфликтот продолжува веќе петти ден.

Војската на Израел утрово потврди дека и копнените сили се инволвирани во судирите, но дека не навлегле на територијата на Газа.

Повеќе од 100 лица се убиени во Газа, а седуммина ги загубија животите во Узраел од почетокот на кофликтит во понеделнкот.

Во меѓувреме, еврејските и израелско-арапските толпи се борат во Израел, поради што претседателот на земјата предупреди на граѓанска војна.

Министерот за одбрана Бени Ганц нареди „масовно засилување“ на безбедносните сили за да се потиснат внатрешните немири во кои беа уапсени повеќе од 400 лица.

Во изјавата објавена рано утрово, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека израелската воена операција против палестинските милитанти во Газа ќе продолжи онолку колку што е потребно. Тој рече дека Хамас, исламистичката група што владее со Газа, ќе плати висока цена.

Воен портпарол на Хамас рече дека групата е подготвена да и одржи на израелската војска „жестока лекција“ доколку одлучи да продолжи со копнен напад.

Насилствата оваа седмица во Газа и Израел се најлошите од 2014 година. Првично конфиктот беше поттикнат од повеќенеделните израелско-палестински тензии во Источен Ерусалим. Потоа се претвори во непрекината размена на палестински ракети и израелски воздушни напади.

Набргу по изјавата на г. Нетанјаху, видео-снимките покажаа дека експлозии го осветлуваат небото над градот Газа.

Наскоро следеа ракетни напади од Газа, меѓу другите области и извештаи за напади врз израелските градови Ашкелон, Ашдод, Бершеба и Јавне.

Scroll to Top