ВИДЕО: Инциденти и приведени во Даблин на протестите против рестриктивните мерки

пред 3 години

Неколку лица се приведени по насилните протести во Даблин поради рестриктивните мерки кои се на сила во Ирска за заштита од короанвирусот. Стотици луѓе излегоа на улиците на Даблин, вчера, во знак на протест.

Полицијата се судри со демонстрантите кои се обидоа да се пробијат до главниот парк. Владата го осуди насилството.

„Нема оправдување за насилство врз полицијата или било кој“, оцени вицепремиерот Лео Варадкар.

Ирската влада неодамна објави дека ќе го продолжи најстрогиот карантин до 5 април, иако училиштата постепено ќе се отвораат од понеделник

Scroll to Top