ВИДЕО: Инцидент во фабрика за замрзнато пилешко во САД, најмалку шестмина работници загинаа

пред 3 години

Најмалку шест лица загинаа денеска, додека повеќемина се повредени и пренесени в болница, откако дошло до истекување на течен азот во еден погон за пакување на храна во североисточниот дел на Џорџија, соопштија здравствените власти на американската сојузна држава.

– Причината за инцидентот се уште не е позната, соопшти полицијата.

Пет луѓе загинале на местото на несреќата во фабрика во гратчето Гејнсвил, во близина на Атланта, додека едно лице им подлегнало на повредите в болница.

Веднаш биле испратени пожарникарски екипи, кои по пристигнувањето забележале како вработените го напуштаат објектот, а некои од нив имале видливи повреди. Меѓу повредените има и најмалку четворица пожарникари, соопшти локалната пожарникарска служба.

Тројца од повредените се наоѓаат во критична состојба и нивниот живот е во опасност.

Scroll to Top