Најмалку осммина мртви во експлозија во Кабул

пред 3 години

Најмалку осум лица загинаа, а над 15 се повредени во експлозија на автомобил-бомба во главниот град на Авганистан, Кабул, соопшти денеска авганистанското Министерство за внатрешни работи.

Портпаролот на Министерството Тарик Аријан рече дека меѓу загинатите има деца, жени и стари лица, а меѓу повредените е и Кан Мохамед Вардак, член на Парламентот.

Тој рече дека станува збор само за прелиминарен извештај и дека бројот на жртви може да биде поголем.

Експлозијата ги запали блиските автомобили и оштети згради и продавници.

Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но последните денови групи поврзани со терористичката Исламска држава презедоа одговорност за серија напади во Кабул, вклучително и еден врз образовни институции во кој беа убиени 50 лица, претежно студенти.

Исламска Држава ја презеде одговорноста и за вчерашниот ракетен напад врз американската база во Авганистан, во кој, според официјални претставници на НАТО, нема жртви.

Scroll to Top