ВИДЕО: Короната коси во Србија, тие играа оро околу споменикот на Стефан Немања

пред 3 години

Десетици луѓе се собраа вечерва на Савскиот плоштад во Белград, во близина на споменикот на Стефан Немања, каде што одиграа традиционално српско оро.

Низ целиот плоштад одекнуваше познатото „ужичко“, а луѓето не носеа заштитни маски.

Дел од присутните, пак, вееја српски знамиња.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad)

Со оглед на тоа што бројот на заразени од коронавирусот во Србија не се намалува, а членовите на Кризниот штаб апелираат да се држи физичка дистанца и луѓето да се придржуваат кон сите епидемиолошки мерки за спречување на ширење на Ковид-19, овој настан наиде на лавина негативни коментари.

Претходно денеска, на Плоштадот на Републиката во Белград се одржа протест на кој се собраа противниците на вакцинацијата и на мерките за сузбивање на коронавирусот.

Тие посочија дека се против какви било мерки против коронавирусот, критикувајќи го, како што наведоа, рестриктивниот став на државата.

Во исто време, додека се одржуваше овој собир, друг протест одржаа угостителите, кои на крајот им се придружија на учесниците од митингот на Плоштадот на Републиката, пренесува „Нова.рс“.

Тие носеа транспаренти со натписи „Стоп за ковид торорот“ и извикуваа пароли: „Не сакаме мигранти“, „Не ги даваме светилиштата“, „Да живее слободата“, „Уа за кризниот штаб“.

Scroll to Top