ВИДЕО: НАСА откри докази дека има вода на сончевата страна на Месечината

пред 4 години

На површината на светлата страна на Месечината за првпат се пронајдени докази за постоење на вода, со помош на телескопот Софиа, објави администраторот на НАСА, Џим Брaјденстин на својот профил на Твитер.

Водата, според НАСА, е пронајдена во кратерот Клавиус, а таа се наоѓа во мали џебови под површината на Месечината, кои се распространети на поширок простор на земјиниот природен сателит.

Првиот човек на американската вселенска агенција напиша дека сè уште не е познато дали може да се користи како ресурс, а во тек се понатамошни истражувања околу големото откритие.

Scroll to Top