ВИДЕО: Најмалку десет студенти загинаа при напад на Универзитетот во Кабул

пред 4 години

Најмалку десет студенти загинаа во напад врз кампусот на Универзитетот во Кабул, изјави денеска официјален претставник на авганистанските власти.

Извор од полицијата соопшти дека во нападот 15 лица биле повредени.

Според очевидци, напаѓачите пукале кон студентите додека тие биле во кампусот.

Талибанците соопштија дека нивните борци не учествувале во нападот, а досега ниту една друга група не презеде одговорност.

Портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи, Тарик Аријан изјави дека неколку напаѓачи се во кампусот, каде во моментот се борат со припадници на безбедносните сили.

Scroll to Top