ВИДЕО: Објавена снимка како ќе изгледа новата српска фабрика за производство на вакцини

пред 3 години

Српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм објави снимка како ќе изгледа новата фабрика во Србија која ќе се гради заедно со Кина и ОАЕ.

-Наскоро почнува изградбата и на погон за производство на ПЦР тестови. Горд сум на Србија и на нејзините достигнувања во медицината, фармацијата и здравството, напиша Вучиќ.

Србија заедно со Кина и ОАЕ гради нова фабрика за производство на вакцини од Синофарм, а веќе почна со работа Торлак каде ќе се произведуваат по еден милион вакцини „Спутник“.

Scroll to Top