ВИДЕО: Пустош на Филипините откако помина тајфунот Вамко, најмалку 42 жртви

пред 3 години

Најмалку 42 лица загинаа, а 20 се водат за исчезнати во поплавите предизвикани од тајфун Вамко на Филипините, соопштија тамошните власти.

Спасувачките акции сè уште се во тек, иако водата се повлече, а времето се расчисти. На снимките од погодените области се гледа разорната моќ на невремето и поплавите што тоа ги предизвика.

Новиот тајфун го погоди денеска филипинското копно, неколку недели откако во налети на два тајфуна загинаа десетици луѓе и беа поплавени големи земјоделски површини.

Повеќе од 400.000 луѓе беа евакуирани пред ударот на тајфунот, а најмалку 3,8 милиони домаќинства останаа без електрична енергија. Институциите не работат, а наставата од денеска е прекината.

Scroll to Top