ВИДЕО: Протестот остави пустош во Тирана, повредени полицајци и запалени новогодишни елки

пред 3 години

Повредени најмалку десетина полициски службеници, оштетувања на зградите на Владата и Министерството за внатрешни работи, оштетени полициски возила, уништен дел од новогодишното украсување, запалени новогодишни елки и контејнери – ваков е билансот од насилниот протест одржан вечерва во Тирана.

На неколкучасовниот протест поради убиството на 25-годишниот Клодјан Раша, кој беше застрелан од полициски специјалец пред својот дом откако наводно не послушал наредба, се бараа оставки од министерот за полиција Сандер Лешај и од премиерот Еди Рама.

Демонстрантите се собраа почна пред Министерството за внатрешни работи, каде почнаа да фрлаат тврди предмети кон полицијата, па продолжија пред Владата и пред зградата на општина Тирана, па на плоштадот „Скендербег“. Беа фрлани и петарди, камења и други предмети.

Имаше обид за насилно влегување во Владата, но таму интервенираа припадниците на специјалната полициска единица, поддржани од гардистите и други полициски структури. Полицијата употреби солзавец и ги разби демонстрантите на неколку помали групи, кои потоа се разотидоа.

Простестот го организираа граѓаните преку социјалните мрежи под мотото „И ние сме Клодјан“, по вчерашното убиство на 25-годишното момче во населбата Лапрак во Тирана.

Протести имаше и во други албански градови: Ѓирокастро, Валона, Драч.

Scroll to Top