ВИДЕО: Руските сили пристигнаа во Ерменија

пред 4 години

Руските воени власти објавија снимки од пристигнувањето на транспортните авиони ИЛ-76 во Ерменија, како дел од вчера постигнатиот договор за прекин на непријателствата меѓу Ерменија и Азербејџан околу спорната област Нагорно Карабах.

Првите авиони донесоа 200 руски војници, кои ќе ја имаат улогата на мировни сили, соопшти Министерството за одбрана во Москва.

Според руските воени власти, во Нагорно Карабах ќе пристигнат 22 авиони, кои ќе транспортираат вкупно 1.960 војници, 90 оклопни возила и 380 единици опрема. Руските сили ќе бидат стационирани во база во близина на најголемиот град во Нагорно Карабах, Степанакерт.

Scroll to Top