ВИДЕО: Силно невреме во Хрватска со бранови и до шест метри, еден град е веќе поплавен

пред 3 години

На Јадранското море му се доближува големо невреме, прогласен е црвен аларм, што е предупредување од највисок степен.

Поради силниот ветар кои достигнува брзина и 130 километри на час, на отворено море се очекуваат бранови од четири до шест метри.

На брегот се очекуваат бранови и до пет метри, а најавен е и силен дожд.

Утрово дел од градот Омиш се најде под море, откако нискиот притисок, месечевата плима и орканскиот југозападен ветар доведоа до пораст на нивото на морето.

Scroll to Top