ВИДЕО: Силно невреме во Сплит – островите отсечени, улиците поплавени

пред 3 години

Обилниот и долготраен дожд кој паѓаѓе денеска предизвика поплави во Сплит, на јадранското крајбрежје, а пожарникарите се ангажирани да испумпуваат вода од пониските објектите во јужниот дел на градот.

Надојдената вода ги поплави улиците и го отежна сообраќајот во Сплит, а локалните линии на траекти и катамарани до блиските острови се во прекин поради високите бранови, па островите практично се отсечени од градот и од останатиот свет.

– Сите служби се на терен и помагаат во санација на штетата предизвикана од енормното количество на дожд што паѓа од утрово во Сплит и околината. Ги молиме граѓаните да бидат внимателни и трпеливи, посебно во сообраќајот, се наведува во соопштението на градските власти.

Scroll to Top