ВИДЕО: Снимен моментот кога силниот земјотрес утрово ја разбуди Хрватска

пред 3 години

Хрватска утрово ја разбуди силен земјотрес, кога во 6 часот и 28 минути беше почувствуван потрес со јачина од 5,1 степен по Рихтеровата скала.

На интернет веќе почнаа да се појавуваат снимки од надзорните камери кои го снимиле моментот на земјотресот.

По првичниот земјотрес во наредните два часа следувале уште два потреса со јачина од 4,7 и 4,1 степен по Рихтер.

Во земјотресот оштетен е и олтарот на црквата Мајка Божја Реметска во Загреб, а новата црква на Свети Ловро останала без покрив.

Scroll to Top