Силниот земјотрес ги поместил Петриња и Сисак и до 86 сантиметри

пред 3 години

Државната геодетска управа на Хрватска спорвела контролни сателитски снимања на подрачјето на Глина, Петриња и на Сисак и утврдила дека Петриња и Сисак се поместиле и до 86 сантиметри. Исто така утврдено е дека имало и висинско поместување на територијата на Глина од 10 сантиметри.

Овие резултати ќе бидат користени во планирањето активности поврзани со хомогенизацијата на катастарските планови и како и во санацијата и во прецизното координатно дефинирање на просторот.

По разорниот земјотрес со јачина од 6.2 степени по Рихтер кој ја потресе оваа област се случија уште серија средно силни и слаби земјотреси. Последниот беше утрово со јачина од 3.4 степени според Рихтер.

ж

Scroll to Top