(Видео) Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајка во Лос Анџелес

пред 3 години

Најдобриот голфер Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа, што се случи денеска во близина на Лос Анџелес, пренесуваат американските медиуми.

45-годишниот Вудс бил сам во автомобилот, кој при голема брзина излетал од регионален пат. По страотната несреќа пожарникари го ваделе од автомобилот, па веднаш е префрлен во клинички центар каде во моментов докторите се борат за неговиот живот.

Како што се знае досега, тој има скршеници во нозете. Тој е опериран, но засега не се знае неговата состојба.

Во тек е истрага за причините за несреќата.

Scroll to Top