ВИДЕО: Узбуна и евакуација поради чад во близина на Капитол, испадна дека бездомници се грееле на оган

пред 3 години

Густ облак од чад, што се кревал од зад зградата на Капитол во Вашингтон, претпладнево по локално време предизвика итна евакуација на објектот во кој се наоѓаат американскиот Конгрес и Сенатот.

Сепак, за кусо време било откриено дека се работи за лажна тревога, затоа што чадот доаѓал од импровизирана населба под мост во близина, каде бездомници предизвикале помал пожар, откако запалиле оган за да се згреат.

Ен-Би-Си Њуз известува дека на луѓето кои се наоѓале во зградата им била испратена порака да се „држат понастрана од надворешните прозорци“ или да „бараат засолниште“ доколку се наоѓаат надвор од Капитол.

Евакуирани биле и луѓето кои учествуваат во генералната проба за церемонијата на инаугурација на Џо Бајден, закажана за задутре. Информациите за „безбедносната закана“ биле објавени преку разглас, на кој пораки постојано предупредувале дека не се работи за вежба.

Пожарот избил во камп за бездомници што се наоѓал под мост во близина, а интервенирале противпожарните служби на Вашингтон.

Scroll to Top