Во близина на Оландските Острови се насука фински крузер

пред 4 години

Крузер на финската компанија „Викинг лајн“ денеска се насука во близина на Оландски Oстрови, помеѓу Финска и Шведска.

Финските власти соопштија дека нема повредени и оти се подготвува евакуација на патниците.

Крузерот Аморела сообраќал од финскиот град Турку до Стокхолм, а на бродот има околу 200 патници и 80 членови на екипажот.

Извор: a1on.mk

Scroll to Top