ВИДЕО: Херцег Нови не е српски град, избегнат инцидент на протест во Црна Гора

пред 3 години

Таканаречана патриотска група синоќа организира протест со колона возила во Херцег Нови, при што благодарение на реакцијата на црногорската полиција избегнат е инцидент со нивните политички неистомисленици, објави порталот ЦдМ.

Главните пораки кои можеле да се слушнат од колоната возила биле „Не ја даваме татковината“ и „Нерцег Нови не е српски град“, а од секој автомобил се вијореле црногорски знамиња.

Учесниците во колоната неколкупати застанувале, палеле факели и пееле за Црна Гора.

На снимките кои ги доби ЦдМ од читатели, се гледа дека во еден момент за малку не дошло до инцидент, бидејќи во близина од групата се наошале нивните политички опоненти, кои негодувале поради колоната возила.

По избегнувањето на инцидентот, групата возила продолжула и на улиците на Котор о се упатила кон Будва.

Scroll to Top