(ВИДЕО) „Хејт Словени, уште сте живи“ – регионални ѕвезди во спот против говорот на омраза

пред 3 години

Магазинот „Бука“ од Босна и Херцеговина објави видео против говор на омраза насловено „Хејт Словени, уште сте живи?“. Спотот е дел од кампањата против говор на омраза која „Бука“ ја реализира во изминативе неколку месеци.

-Водечка нишка на кампањата е поздравот „ХЕЈ, СЛОВЕНИ“, кој го преименувавме во „ХЕЈТ, СЛОВЕНИ“ за целите на нашата приказна, бидејќи омразата, се чини, стана најнормална работа, како „добар ден“ . Преку разговор помеѓу клиенти и работници во супермаркет, видеото покажува колку сме опседнати со говор на омраза, а ние знаеме колку е опасно и какви застрашувачки последици може да има, вели главниот уредник на Бука, Александар Трифуновиќ .

Видеото е дело на загребскиот режисер и писател Предраг Личина, а главни ликови се Северина, Христина Поповиќ и Горан Богдан.

Scroll to Top