(Видео) Шефот на „Бајонтек“: Пандемијата може да се стави под контрола до следната зима

пред 3 години

Многу е веројатно дека вакцината ќе биде ефективна против новата мутација на коронавирусот, изјави Угур Шахин, научник и шеф на компанијата „Бајонтек“, чија вакцина беше одобрена во ЕУ.

Тој за ДВ изјави дека се надева дека ќе го имунизира населението до следната зима и дека нивото на хоспитализација на стари лица ќе се намали за неколку месеци.

Со оглед на тоа дека ЕМА ќе ја објави одлуката за вакцината на американската „Модерна“ на 6 јануари, тоа му дава надеж на Шахин дека наскоро ќе се најдат доволно вакцини на пазарот за да се стави пандемијата под контрола до следната зима.

Тој посочува дека за тоа треба да се имунизираат 60 до 70 проценти од луѓето.

Кога станува збор за новиот вид коронавирус што за прв пат е забележан во Велика Британија, шефот на „Бајонтек“ вели дека се уште не е познато дали е отпорен на вакцината.

„Сè уште не знаеме, бидејќи не сме ги направиле тестовите, вели Шахин и најавува дека во следните две недели, „Бајонтек“ ќе го провери одговорот на таа мутација на нивната вакцина.

Тој верува дека постои голема веројатност вакцината да биде ефикасна против новиот вид коронавирус, бидејќи, иако таа варијанта има повеќе мутации, само еден процент од релевантниот протеин е променет.

„Тоа значи дека 99 проценти се исти, а нашата вакцина предизвикува имунолошки одговор со напад на протеините на вирусот од неколку страни“, додаде научникот.

Scroll to Top