Директорот на Бајонтек: Вакцината ќе биде ефикасна и против новиот вид коронавирус

пред 3 години

Шефот на Бајонтек, Угур Сахин, е убеден дека вакцината против коронавирус на неговата компанија ќе дејствува и против новиот вид вирус регистриран во Велика Британија.

Сахин рече дека Бајонтек ќе ја испита мутацијата на коронавирусот во наредните денови, но дека трезвено ја набљудува ситуацијата, пренесува „Ројтерс“.

Земјите ширум светот продолжија да ги затвораат своите граници со Велика Британија поради страв од новиот вид коронавирус, кој се шири 70 % побрзо од досегашните.

Откажувањето на летовите доведе до хаос во сообраќајот и ја зголеми можноста за недостиг на храна во Велика Британија.

Изјавата на Сахин е во согласност со ставот на Светската здравствена организација дека нема причина за голема загриженост и дека новиот вид вирус е вообичаен дел од еволуцијата на пандемијата.

Непосредно пред изјавата на Сахин, Европската Унија даде одобрение за употреба на вакцината на Фајзер и Бајонтек, чија дистрибуција ќе започне по Божик

Scroll to Top