ВИДЕО: Џип покоси луѓе во пешачка зона во Германија – загинаа четворица, меѓу нив и татко и бебе

пред 3 години

Страотен инцидент се случи попладнево во Германија, кога возач на џип влета со голема брзина во пешачка зона и газеше луѓе цел километар пред да запре.

Загинати се најмалку четворица луѓе, меѓу кои и татко и бебе, јавија германските медиуми, а има и преку десет повредени лица.

Според полицијата, возачот, кој е уапсен, е 51-годишен локален жител на градот Трир. Снимка од апсењето беше објавена на социјалните мрежи.

Еден од очевидците рекол дека голем сив „Ренџ Ровер“ поминал низ пешачката зона со огромна брзина и дека луѓето ги „фрлал во воздух“.

Полицајците ги предупредиле луѓето да го избегнуваат местото на несреќата.

Локалните медиуми известуваат полицијата уште не знае кои биле мотивите на возачот за смртоносниот потег.

Scroll to Top