Вкупната кинеско-руска трговска размена се зголеми за 12,7 отсто во март

пред 2 години

Трговијата на Кина со Русија нагло се зголемила минатиот месец. Во исто време, Пекинг продолжува да ги критикува санкциите на Западот кон Москва поради нејзината инвазија во Украина.

Во март трговската размена меѓу Кина и Русија се зголемила за дури 12,75% (11,7 милијарди долари), покажуваат податоците на кинеската царинска служба. Што се однесува до првиот квартал од годинава, тоа е зголемување од дури 30,45% во однос на истиот период лани.

Русија е главен извор на Кина за нафта, јаглен, гас и земјоделски стоки, наведува Би-би-си. Пекинг сè уште не го нарекува рускиот напад врз Украина инвазија, но постојано ги критикува западните санкции кон Русија, велејќи дека тие се незаконски.

Пред почетокот на војната, Кина и Русија објавија дека влегуваат во стратешко партнерство без граници, потсетува Би-би-си.

Така, Кина би можела барем делумно да ги ублажи проблемите на Русија предизвикани од западните санкции.

Scroll to Top