Владата на Уганда ги обвини САД дека сакале да предизвикаат конфузија со изборите

пред 3 години

Портпарол на Владата на Уганда денеска ги обвини Соединетите држави дека се обидоа да предизвикаат конфузија во претседателските избори откако американскиот амбасадор се обиде да го посети опозицискиот лидер Боби Вејн, кој се наоѓа во домашен притвор.

Војската ја опколи и блокира куќата на претседателскиот кандидат, угандската поп-ѕвезда Боби Вајн, откако гласаше на претседателските избори, на кои победи Јовери Мусевени (76).

Мусевини владее во Уганда од 1986 година, а на изборите во саботата доби 59 проценти од гласовите, додека Вајн 35 проценти, јавија британските медиуми.

Острата јавна расправа меѓу САД и владата на Уганда е невообичаена дипломатска пракса, со оглед на фактот дека двете земји се сојузници и дека САД ги поддржуваат угандските трупи кои се дел од мировната мисија во Сомалија. Официјална Кампала во претходните години доби 1,5 милијарда долари грантови за здравство, соопштија британските медиуми.

Scroll to Top