Пашинјан: Поединци сакаат да предизвикаат хаос во Ерменија

пред 3 години

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска изјави дека во земјата има „одредени сили кои имаат намера да предизвикаат хаос на улиците“.

– Овие сили сакаат да покажат дека наводно нема лостови на моќ во Ерменија. Тие сакаат да предизвикаат хаос во земјата за да се вратат на власт. Но, нема да им дозволиме да се случи тоа. Ние не се држиме за власта по секоја цена, но народот не сака тие да се вратат, рече Пашинјан.

Ерменија е на удар на опозицијата, која протестира од 10 ноември поради потпишувањето на договорот со Азербејџан и бара Пашинјан да замине, „затоа што им го предаде Нагорно-Карабах на Азербејџанците“.

Scroll to Top