Во Авганистан убиен директорот на независен тим за избори

пред 3 години

Еден полицаец загина, а двајца се повредени во бомбашки напад во Кабул. Во одделно пукање, извршниот директор на независно тело за набљудување на изборите беше убиен.

Портпаролот на началникот на полицијата во Кабул, Фердавас Фарамарц изјави дека вооружени напаѓачи го застрелале и убиле Мохамад Јусуф Рашид, извршен директор на авганистанскиот невладин форум за слободни и фер избори (ФЕФА).

Нападот се случил додека Рашид одел утрово во канцеларијата на ФЕФА во Кабул, а неговиот возач бил ранет и пренесен во болница, додаде Фарамарц, пренесе АП.

Во посебен напад во Кабул експлодира бомба насочена кон полициско возило. Притоа е убиен еден полицаец, а двајца се повредени.

Никој досега не презеде одговорност за нападите.

Scroll to Top