Во Австрија секое петто починато лице било заразено со коронавирус

пред 3 години

Повеќе од две недели по ред Австрија бележи висока смртност предизвикана од коронавирусот.

Во ноември повеќе од една петтина од починатите во Австрија биле заразени со коронавирус, според податоците на Заводот за статистика и Агенцијата за здравје и безбедност на храна (АГЕС).

Така, од 2 до 29 ноември починале 9.131 лице, од кои 2.065 биле заразени со Ковид-19, што е 22,6 проценти.

За споредба, од 23 март до 19 април, во Австрија починале вкупно 7.090 лица, од кои 499 биле заразени со коронавирус, што е само седум проценти.

Поради големиот број смртни случаи, европскиот мониторинг на смртност „Еуромомо“ ја карактеризира Австрија како земја со натпросечно висока смртност, што значи дека  во овој период од годината умираат многу повеќе луѓе отколку што е вообичаено.

Scroll to Top