Приведено лице во Куманово барано со потерница

пред 3 години

Полициски службеници од СВР Кумановo утрово во 06:30 часот го привеле М.С (47) од Куманово кој се барал со потерница од Основен суд Куманово за извршено кривично дело по чл.123 ст.1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

Како што соопшти МВР, лицето е спроведено во Казнено-поправна установа Куманово.

Scroll to Top