Во Америка ги има сите мутации на коронавирусот

пред 3 години

Различни видови на коронавирус, кои предизвикуваат најголема загриженост, се откриени практично на целата територија на Америка, пишуваат американските медиуми.

Но, како што рече експертот на СЗО, Жаиро Мендез, иако овие соеви се позаразни, нема докази и дека се поубиствени.

Вакцините што се користат обезбедуваат поголема заштита од новите видови на коронавирус, рече Мендез.

“Она што сè уште не го знаеме е дали целосно вакцинираните луѓе сепак можат да го пренесат вирусот на други лица. Имаме многу да научиме”, рече Мендез.

Најновата, индиската варијанта Б.1.617 е откриена во осум американски држави, вклучително и во Канада и САД, додаде тој.

„Овие нови соеви на коронавирус имаат можност побрзо да се шират, но досега не најдовме никакви колатерални последици. Единствената грижа е што тие се шират побрзо “, рече Мендез.

Scroll to Top