Во Франција потврден „јужноафриканскиот“ тип на коронавирусот

пред 3 години

Првиот случај на новиот тип на коронавирус идентификуван во Јужна Африка, е откриен во Франција, соопшти денеска француското Министерство за здравство.

Јужноафриканскиот вид, како и британскиот, е полесно пренослив, но засега нема индиции дека е посмртоносен од основниот тип на вирусот.

Според Министерството за здравство на Франција, новиот тип коронавирус е откриен кај маж кој се вратил од Јужна Африка и живее во департманот Горна Рајна, во близина на границата со Швајцарија.

Scroll to Top