Во Белгија остануваат во сила мерките се до пронаоѓање на вакцина против Ковид-19

пред 4 години

Премиерот на Белгија, Александер Де Кро предупреди дека земјата ќе остане затворена се до пронаоѓање на вакцина против новиот коронавирус.

– Додека нема вакцина ќе мора да се бориме со пандемијата многу построго отколку во летото, истакна Де Кро.

Тој додаде деека и покрај очекуваното подобрување на ситуацијата во земјата, мерките за сузбивање на Ковид-19 долгорочно ќе останат во сила.

Во Белгија во сила е полициски час, затворени се сите неесенцијални продавници, културни и спортски објекти, кафулињата и рестораните, а работата од дома е обврзна, како и носењето маски на јавни површини и избегнување на физички контакти.

Според белгискиот Национален институт за здравје бројот на новоинфицирани минатата недела се намали за шест проценти, што е прво намалување од јули. Во изминатите седум дена во просек се пријавувани 14.091 новозаразени на дневно ниво. Властите предупредуваат дека расте бројот на хоспитализирани пациенти, а нивниот број на дневно ниво изнесува680.

Бројот на смртни случаи во изминатите 24 часа се зголеми за 205, со што вкупниот број од почетокот на епидемијата изнесува 12.331 починати луѓе.

Scroll to Top