Во Белград, застрелан Александар Шарац, член на криминалната група „Пинк пантер“

пред 4 години

Денеска околу 16 часот, во подземната гаража на Трговскиот центар „Ушче“ во Белград, застрелан е Александар Шарац, член на криминалната група „Пинк Пантер“.

Како што известуваат српските медиуми, 35-годишниот Шарац е во сериозна состојба откако напаѓачот со два куршума го погодил во задниот дел од главата.

Напаѓачот имал црвена јакна, капа и хируршка маска, пренесуваат српските медиуми.

Шарац е, инаку, од претходно познат на полицијата и има дебело криминално досие, а едно од најголемите кривични дела што го сторил се случи во септември 2016 година, кога тој и неговиот тим ограбија златарница во Милано.

Scroll to Top