Во Бразил во еден ден од Ковид-19 умреле речиси 2.000 лица

пред 3 години

Во Бразил во последните 24 часа од коронавирус умреле 1.987 лица, јавија светските агенции.

Со овие податоци најголемата земја во Латинска Америка има најголем дневен биланс на жртви во светот. Досега во неа има 330.193 регистрирани смртни случаи од заразата.

Во последните 24 часа во Бразил со коронавирус се заразиле нови 43.515 лица, со што вкупниот број на инфицирани во земјата од почетокот на пандемијата се зголеми на 12.953.597 лица.

Scroll to Top