Во Бразил за еден ден повеќе од 76 илјади новозаразени и речиси 2000 починати од Ковид-19

пред 3 години

Во Бразил во последните 24 часа регистрирани се 76.178 лица заразени со коронавирус и 1.977 починати, соопшти синоќа бразилското Министерство за здравство.

Министерството за здравство исто така информира дека досега во земјата од Ковид-19 починале 277.102 лица, а заразени биле вкупно 11.439.558 лица.

Болниците во поголемите градови во Бразил се пред колапс, предупреди изминатата недела Панамериканската здравствена организација (ПАХО).

– Загрижени сме за ситуацијата во Бразил. Тоа е отрезнувачки потсетник за заканата од повторен раст: областите кои претходно беа тешко погодени, и денес се ранливи, рече директорката на ПАХО, Кариса Етјен.

Таа предупреди дека бројот на случаи се зголемува во скоро секоја бразилска федерална држава, а Амазонија е посебно погодена.

Scroll to Top