Во Бугарија запленети приближно 402 килограми хероин

пред 3 години

Бугарската царина на 7 февруари заплени 401,468 килограми хероин, објави денеска на Твитер главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев.

Хероинот бил откриен во Варна во пратка со битумен. Дрогата била скриена во четири контејнери, а примател на пратката била трговска фирма од Шумен.

Сопственикот на фирмата и еден цариник се приведени. Ако бидат осудени можат да добијат затворска казна од 10 до 15 години и ќе треба да платат казна од 50.000 до 100.000 евра.

Вредноста на запленетата дрога се проценува од 16 до 18 милиони евра. Се претпоставува дека хероинот не бил наменет за бугарскиот наркопазар.

Scroll to Top