Во Бугарија починаа 51 пациент со Ковид-19, најмногу досега

пред 3 години

Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени уште 2.427 случаи на коронавирус, а починаа 51 пациент, што е најголем број на смртни случаи за еден ден, објавено е денеска на страницата за следење на состојбата со коронавирусот.

Тестирани биле 7.910 лица, а процентот на позитивни во однос на бројот на тестирани е 30,68 отсто.

Во моментов има 34.110 активни случаи, од кои 2.841 се во болници, а 180 на интензивна нега.

Од почетокот на пандемијата во Бугарија се заразиле вкупно 56.496 лица, а 1.349 луѓе починале.

Scroll to Top