Во Бугарија прекинаа со вакцинација со „АстраЗенека“ поради смрт на жена која ја примила вакцината

пред 3 години

Вакцинацијата со вакцината „АстраЗенека“ во Бугарија е привремено прекината поради смрт на жена на возраст од 57 години, објави во Пловдив министерот за здравство на Бугарија, Костадин Ангелов.

– Жена од село Јоаким Груево почина во својот дом откако вчера напладне беше вакцинирана во здравствениот дом во градот Стамболијски, изјави бугарскот министер. Таа починала во текот на ноќта.

– Прекинувањето на вакцинацијата е превентивна мерка за да се осигураме, и по заклучокот на лекарите од судска медицина да се донесе конечна одлука за тоа како да се продолжи со вакцинацијата со „АстраЗенека“, додаде министерот за здравство на Бугарија.

Scroll to Top