Во Велика Британија 3,6 милиони лица ја примиле првата доза од вакцината против Ковид-19

пред 3 години

Според владини податоци, со првата доза од вакцината против Ковид-19 досега во Велика Британија се вакцинирани 3,6 милиони лица.

Британските медиуми наведуваат дека целта на владата на Џонсон е првата доза на вакцината против Ковид-19 до средината на февруари да ја примат 15 милиони лица.

Втората доза, пак, до денеска ја имаат примено 447.261 лица.

Повеќето луѓе биле вакцинирани во Англија, околу три милиони, во Северна Ирска речиси 118.000, во Шкотска околу 224.840 и во Велс 126.375.

Scroll to Top