Во Велика Британија повеќе од 10 милиони луѓе ја примија првата доза на вакцината

пред 3 години

Повеќе од 10 милиони луѓе во Велика Британија ја примија првата доза на вакцината против Ковид-19, истакна министерот за здравство, Мет Ханкок, потенцирајќи дека станува збор за исклучително значајно достигнување.

Велика Британија има намера да ги вакцинира сите лица постари од 70 години, високо ризичните групи и здравствените работници во болниците, до средината на февруари.

Земјата одобри вакцини развиени од „Фајзер“ и „БиоНтек“, како и од Универзитетот во Оксфорд и „АстраЗенека“, порано од Соединетите држави и Европската унија што и овозможи побрз почеток на вакцинација.

Scroll to Top