Во Грција во петок се укинува шестмесечниот карантин

пред 3 години

Од петок, заедно со отворањето на туризмот, во Грција се укинуваат голем дел од рестрикциите воведени на 7 ноември 2020 година.

Престанува да важи задолжителното испраќање смс-пораки за секое движење на граѓаните и забраната за патување меѓу регионите, полицискиот час дополнително се скратува, а се воведуваат и правила за внатрешните патувања со брод или авион.

Заменик – министерот под премиерот задолжен за координација на работата на Владата Акис Скерцос попладнево, на прес конференција соопшти олабавување на мерките, а Грците, по над шест месеци карантин, од 14 мај Грците ќе имаат поголема слобода на движење.

Scroll to Top