Земјотрес во Грција

пред 3 години

Умерен земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран доцна синоќа на грчкиот остров Низирос во Егејското Море.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал во морето на 14 километри јужно од Низирос и 349 километри југоисточно од Атина, се наведува во соопштението на Институтот за геодинамика на Националната опсерваторија во Атина, пренесува грчката новинска агенција АНА.

Scroll to Top