Во Грција летово ќе може да се влезе и со примена руска вакцина

пред 3 години

Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис денеска изјави дека за влез во Грција претстојнава туристичка сезона ќе биде потребна една од три опции: потврда за вакцинација, негативен ПЦР тест или тест за антитела.

Теохарис нагласи дека земјата ќе ја признае и руската вакцина „Спутник V“, со што ги зазреши дилемите околу грчкото признавање на вакцините кои се уште не се одобрени за употреба во ЕУ.

Министерот рече дека првите туристи ги очекуваат најдоцна на 14 мај, а ако епидемиолошката состојба тоа го дозволи, на почетокот на мај.

Тој рече дека Атина ќе им излезе во пресрет на руските, а се претпоставува и на други странски туристи и нема да бара задолжителна имунизација со некои од вакцините кои ги одобри Европската агенција за лекови (ЕМА).

Scroll to Top