Во Грција рекорден број смртни случаи од Ковид-19 за 24 часа

пред 4 години

Во изминатите 24 часа во Грција повторно е регистриран рекорден број смртни случаи од Ковид-19 – почина 41 лице, а бројот на новозаразени е намален и регистрирани се 1.490 нови случаи, јави дописничката на МИА од Атина.

И денеска е дополнително зголемен бројот на пациенти приклучени на апарати, вкупно 239, односно 11 повеќе од вчера.

Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани 58.187 случаи, а починаа вкупно 825 лица.

Scroll to Top