Во Хрватска 26 починати и повеќе од 2.400 заразени во последните 24 часа

пред 4 години

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 2.480 новозаразени со коронавирус и 26 смртни случаи, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Бројот на активни случаи во Хрватска денес е 14.843, од кои 1.221 пациент се во болница, а од кои 118 пациенти се на апарати за дишење.

Од 25 февруари, во Хрватска се евидентирани вкупно 56.567 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 654 починале, а вкупно 41.070 оздравеле, од кои 1.690 во последните 24 часа.

Во моментов има 29.404 лица во самоизолација. До денес се тестирани вкупно 523.382 лица, од кои 9.206 во последните 24 часа.

Scroll to Top