ВО ЖИВО: Нов протест во Ереван, гневните Ерменци бараат одговорност за капитулацијата

пред 4 години

Илјадници Ерменци и вечерва се на улиците на главниот град Ереван, а кризата во земјата, која започна со отворениот воен судир против Азербејџан околу спорната област Нагорно Карабах, а продолжи со потпишување мировен договор кој во јавноста беше прогласен за капитулација, не изгледа како да завршува.

Демонстрантите бараат одговорност за потпишувањето на договорот под спонзорство на Русија и Турција, кој е широко толкуван како победа за Азербејџан во неколкунеделната војна која однесе над илјада човечки животи.

Под притисок од домашната јавност и од тешката позиција во која се наоѓа неговата влада, ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска изјави дека постигнатиот договор „не е конечно решение на конфликтот“, и дека тој само ја запрел војната, но суштински не го решава долготрајниот спор околу Нагорно Карабах, област во Азербејџан населена со Ерменци.

Аналитичарите предупредуваат на можноста од ескалација на судирите во Ереван и дури и на опасноста од граѓанска војна во поранешната советска република.

Scroll to Top