„Исламска држава“ презеде одговорност за терористичкиот напад во Виена

пред 4 години

Терористичката „Исламска држава“ (ИД, порано позната како ИСИС) презеде одговорност за смртоносниот напад во Виена што се случи синоќа. Тоа се нагласува во соопштението на ИД на нивните канали на Телеграм.

Во пропагандна порака, терористичката група ја поздрави смртта и ранувањето на 30 „крстоносци“ од страна на „војник на калифатот“, пренесува „Индепендент“.

ИД сподели видео на кое Кујтим Фејзулаи, терористот кој беше убиен откако го изврши синоќешниот напад во Виена, му се заколнува на лојалност на својот водач, Абу Ибрахим ал-Хашими ал-Кураши, на арапски јазик.

Тој претходно позираше на социјалните мрежи со автоматска пушка, пиштол и мачета со која беше вооружен за време на нападот.

Во синоќешниот терористички напад во Виена загинаа четири лица, меѓу кои и напаѓачот, 20-годишен приврзаник на Исламска држава, кој беше убиен од страна на полицијата. Во нападот се ранети 17 луѓе, од кои седуммина се во сериозна состојба.

Scroll to Top